Правила за врамување, поставување или инсталирање на Јантра
Ова се основни правила за поставување на Јантра.Тие може да се променат само во специјални околности и посебни места, но за такви ретки намени е предвиден посебен текст. Доколку можете забележете го моментот на инсталирање (фотографија), а може и да забележите дали истиот ден кога ја поставувате ви се јавува некој на телефон или неочекувано ви доаѓа гостин.
Постапка во 9 точки
- 1 Јантрата да се стави во рамка и при тоа употребете обично стакло
- 2 Централен триаголник (жолт) со црвена точка (Бинду) за жени треба да се сврти надоле и обратно нагоре ако е за мажи. Ова е важно да се забележи точното место на куката при врамување, затоа што треба да имате место за закачување и прицврстување на ѕид.
- 3. Јантрата се поставува во петок пред пладне, претпладне додека сонцето изгрева
- 4. Шри Јантра е поставена на источен, северен или североисточен ѕид. Не смееме да имаме електрични апарати над или под неа, a од страните доколку има приклучоци или прекинувачи за светло, барем да се 15-20см оддалечени. Поголем слободен простор околу неа, тоа е поповолно.
- 5. Треба да се закачи на висината на Вашето трето око (малку над средината од висина на очите)
- 6. Инаку доколку јантрата е врамена и се чека некој петок за инсталирање, треба да ја поставите на прекривка од природен материјал (жолта ткаенина, салфета и сл.) и околу неа жолти или портокалови цвеќиња (може да се користат и исушени цветови)
- 7. Петок, Претходно подготвено е местото за закачување, избањати и духовно прочистени со скандирање на Мантра за Шри Јантра, на интернет (youtube) имате неколку верзии, изберете ја онаа што ви одговара (претежно лежи на уво), т.е. кој ви се допаѓа најмногу. Пуштете ја мантрата, закачете ја јантрата и запалете миризливо стапче со кое направете кружни движења, (во насока на стрелките на часовникот). Со текот на времето ќе го научите текстот на мантрата! Треба да се потрудите да го изговорите со соодветна интонација.
- 8. Најмалку што можете да направите е три пати.Испеаната мантра зависи од Вас и Вашето Време и желба, колку долго ќе ја пеете.
- 9. Кога и да се појави можност, запалете мирисливо стапче, отпејте ја мантрата, покажете почитување. Ќе ви донесе многу повеќе! Имајте конкретни и чисти желби!
- Log in to post comments